АВИОН/ 4 дена/ 3 ноќевања
На бреговите на Дунав, Виена и Братислава го откриваат богатото наследство на Централна Европа. Виена ја доловува величественоста на царското минато преку раскошните дворци, елегантните булевари и музичката традиција што со векови го обликува нејзиниот идентитет. Братислава, со дворецот над реката, барокните палати и калдрмените улички на старото градско јадро, ја зачувува атмосферата на минатите времиња. Две престолнини со различен карактер, поврзани во патување низ историјата, културата и архитектурата на овој дел од Европа.
06. Март (Сабота) СКОПЈЕ – БРАТИСЛАВА - ВИЕНА
Состанок на групата на аеродромот во Скопје во 19:00 часот. Полетување за Братислава во 21:15 и слетување во 22:50 часот. Организиран трансфер до Виена (80 км). Сместување во хотел. Ноќевање.
07. Март (Недела) ВИЕНА
Појадок. Панорамски разглед на Виена: дворецот Белведере, изграден за принцот Еуген Савојски, и обиколка на Рингштрасе — прочуениот кружен булевар покрај кој се издигнуваат некои од најзначајните градби во градот. Разгледот ги опфаќа Музејскиот кварт, плоштадот Марија Терезија, препознатлив по двата монументални музеи близнаци, Парламентот, Универзитетот и Виенската опера. Можност за факултативна посета на дворецот Шенбрун, некогашната летна резиденција на Хабсбурговците. Дворецот и неговиот простран парк претставуваат една од најпознатите знаменитости на Виена, со раскошна архитектура и богато царско наследство. Слободно време за ручек и уживање во атмосферата на царската и елегантна Виена. Можност за индивидуална посета на "Haus des Meeres" — впечатлив аквариум и терариум сместен во висока кула во срцето на Виена. На 11 ката се открива разновиден животински свет, со ајкули, ражи, морски желки, тропски риби, влекачи и мајмуни. Посебен впечаток остава прекрасниот панорамски поглед кон градот. Ноќевање.
08. Март (Понеделник) ВИЕНА
Појадок. Можност за факултативна пешачка прошетка низ центарот на Виена. Разглед на барокната црква „Св. Петар“ и прошетка по познатата улица Грабен до плоштадот Штефансплац и катедралата „Св. Стефан“, еден од најпрепознатливите симболи на градот. Следува разглед на дворецот Хофбург, некогашното седиште на моќната Хабсбуршка Монархија, во кој денес се наоѓа резиденцијата на австрискиот претседател. Се продолжува кон Пратер — прочуениот виенски забавен парк, каде што традицијата и современите атракции создаваат посебна атмосфера. Со своите забавни содржини, носталгичен шарм и пространи зелени површини, Пратер нуди можности за забава и одмор. Тука се наоѓа и познатото Големо панорамско тркало, еден од симболите на Виена. Слободно време за шопинг на познатата улица Маријахилфер штрасе (Mariahilfer Straße), одмор во некое од традиционалните виенски кафулиња со кафе „меланж“ и Сахер торта или ручек во локален ресторан со можност за дегустација на виенска шницла и пилснер пиво. Ноќевање.
09. Март (Вторник) ВИЕНА - ПАРНДОРФ – БРАТИСЛАВА - СКОПЈЕ
Појадок. Поаѓање кон Братислава со попатна посета на Парндорф, познат аутлет-центар со голем избор на продавници од светски брендови. Слободно време за шопинг. Пристигнување во Братислава и разглед на градот. Посета на Братиславскиот дворец, сместен на рид од каде што се отвора прекрасен панорамски поглед кон градот и Дунав. Прошетката продолжува низ старото градско јадро и разглед на главниот плоштад со Роландовата фонтана, Старото градско собрание, катедралата „Св. Мартин“, Михалската порта и Словачкиот национален театар. Прошетката ги опфаќа и палатите Палфи и Паули, кои го надополнуваат историскиот шарм на градот. Слободно време за ручек, прошетка покрај Дунав или одмор во некое од кафулињата во старото градско јадро. Можност за посета на панорамската платформа UFO, од каде што се отвора прекрасен поглед кон градот, дворецот и Дунав.Трансфер до аеродромот. Полетување за Скопје во 22:50 часот и слетување во 00:20 часот наредниот ден.
BLACK WEEK
ДОПОЛНИТЕЛНИ 30 евра попуст од цената по лице
ПРОМО ЦЕНА: 459 евра (28.460 мкд)
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 529 евра (32.800 мкд)
ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:
- Авионски превоз на релација Скопје-Братислава-Скопје
- Рачен багаж (1 торба/куфер со димензии 40х30х20cm до 10kg)
- Организиран трансфер аеродромот - хотелот - аеродром
- Сместување во Хотел “Rainer” 4* во центарот на Виена на база 3 ноќевања со појадок
- Панорамски разглед на Виена со локален водич според програмата
- Посета на шопинг центар - Парндор
- Разглед на Братислава со водич според програмата
- Организација на аранжманот и придружник на патувањето
ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
– Пешачка прошетка низ Виена со водич — 20 евра
– Доплата за чекиран багаж — куфер до 10 кг или 20 кг (цената е променлива; информации во агенцијата 7 дена пред поаѓање)
– Туристичка такса — 930 мкд (се плаќа во агенцијата)
– Посета на дворецот Шенбрун — 55 евра (трансфер, влезница и водич)
– Влезница за панорамската платформа UFO во Братислава — 12 евра (се плаќа на самото место)
– Влезници за локалитетите и билети за локален превоз
– Патничко здравствено осигурување
– Доплата за еднокреветна соба — 8.400 мкд
ЦЕНИ ЗА ДЕЦА:
– Дете до 2 год. плаќа 4.500 мкд
– Дете од 2 до 3 год. плаќа 16.500 мкд
– Дете од 3 до 12 год. плаќа 25.600 мкд
Напомена:
Цените се по лице за сместување во двокреветни или трокреветни соби.
За реализација на аранжманот потребен е минимум од 20 патници. За резервација задолжителна уплата на аванс од 30% од вкупниот износ на аранжманот. Целосна доплата на аражманот е 10 дена пред поаѓање. Усни и телефонски резервации се невалидни. Плаќањето е исклучиво во денарска против вредност по курс 1 евро = 62,00 денари.
За реализација на факултативните излети потребен е минимум од 15 патници. При резервација задолжително е изјаснување/пријавување кои од понудените факултативи ќе ги користи патникот како би можела агенцијата навремено да ги организира истите.
Агенцијата го задржува правото на промена на редоследот на програмата во случај на непредвидени објективни причини, како на пример застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитети предвидени за посета ...
Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните места по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени. Лицата кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник, немаат право на надомест на средства за разлика во цена.
Агенцијата го задржува правото на отказ на аранжманот 7 дена пред поаѓање доколку не е исполнет бројот на пријавени лица предвидени по програмата.
Патникот има обврска пред поаѓање 24 часа да ја контактира агенцијата за потврда на точното време и место на поаѓање.
Патната исправа треба да е валидна минимум 3 месеци по завршувањето на аранжманот. Валидноста на патните исправи се обврска на патниците, при уплата на резервација должни се истите да ги приложат во агенцијата за проверка.
За овој аранжман важат општите услови за патување на организаторот
