fbpx

Ц А Р С К А   Р У С И Ј А

 

МОСКВА И САНКТ ПЕТЕРБУРГ

Моќна, мистична и бескрајна
Земја која ги спојува историјата, културата и духовноста во едно неповторливо доживување. Од царските палати и златните куполи, до величествените реки и раскошните музеи – секој агол открива ново лице на оваа огромна земја. Велигден е особено убаво време да се почувствува рускиот дух – кога православните храмови блескаат во светлина, а градовите живеат во празничен ритам.
Москва – со својата строга величенственост и динамичност; и Санкт Петербург – со својата елеганција, романтика и уметничка душа, ќе ве поведат на патување низ царската историјата, уметноста и верата. Патување што се памети цел живот.

Авионски лет: Turkish Airlines (Скопје – Истанбул – Москва | Ст Петербург – Истанбул – Скопје)
Поаѓање: 10.04.2026 во 06:45ч. (Скопје)
Пристигнување: 10.04.2026 во 17:55ч (Москва)
Сместување: 3BB во хотел со 4* во Москва | 4BB во хотел со 4* во Санкт Петербург
Услуга: 7 ноќевања со појадок
Друго вклучено: Багаж + трансфери + панорамски разгледи на 2та града + претставник од Македонија
Враќање во Скопје: 17.04.2026 во 19:30ч.

ПРОГРАМА НА ПАТУВАЊЕ:
1 ден: 10.04.2026 СКОПЈЕ – ИСТАНБУЛ – МОСКВА
Состанок на групата два часа пред поаѓањето, на аеродромот ТАВ Скопје, во 06:45 часот. Лет со авиокомпанијата Turkish Airlines за Истанбул во 08:45 часот (TK1004). Пристигнување во 11:20 часот и продолжување кон Москва со лет TK415 во 14:00 часот. Слетување на аеродромот во Москва во 17:55 часот по локално време.
По завршување на пасошките и царински формалности, трансфер до хотелот и сместување. Првата вечер во руската престолнина ќе ви овозможи да го почувствувате пулсот на градот што никогаш не мирува – Москва, метропола која ги спојува царската историја и модерниот дух. Ноќевање.

2 ден: 11.04.2026 МОСКВА – Град на Империјата (Бородинска Битка, Московско метро)
Појадок во хотелот. Денот започнува со автобуско панорамско разгледување на Москва – срцето на руската држава и култура. Ќе го видиме монументалниот Црвен Плоштад, Кремљ, Црквата на Василиј Блажени, познатиот Бољшој театар, Храмот на Исус Христос Спасителот, Новодевичанскиот Манастир, како и универзитетот „Ломоносов“ и величествениот Парк на победата.
Слободното попладне е можност за дополнително откривање на градот или предлагаме факултативна посета на музејот Бородинската битка, посветен на славната војна со Наполеон од 1812 година. Главен експонат на музејот е панорамата – огромно сликано платно со димензии 115 х 15м, кое виси во затворен круг и преставува еден од најтешките моменти на војната на Бородинското поле Вечерта – факултативна прошетка низ магичното московско метро, вистински подземен музеј украсен со мермерни столбови, скулптури, мозаици и портрети на националните херои и важни моменти од руската историја. Ноќевање.

3 ден: 12.04.2026 МОСКВА (Сергиев Посад; вечерно крстарење на Москва)
Појадок. За љубителите на духовната и историската Русија, предлагаме факултативна екскурзија до Сергиев Посад (поранешен Загорск, 70км од Москва) – голем манастирски комплекс кој своевремено бил резиденција на рускиот патријарх а денес претставува еден од најстарите и најсветите места во земјата и центар на православието. Разглед на Тројствената лавра на св. Сергеј, позната по својата величествена архитектура и мирна, монашка атмосфера. Враќање во Москва и слободно време. Вечерта, како вистински завршеток на денот – факултативно пловење со луксузниот брод-ресторан Radisson по реката Москва, со поглед на величенствено осветлените мостови, згради, куполи и паркови на градот. Тура која не се пропушта. Ноќевање.

4 ден: 13.04.2026 МОСКВА (Кремљ и Палата на оружјето) – САНКТ ПЕТЕРБУРГ
Појадок. Слободен ден или предлагаме факултатина програма – Кремљ, најстариот и најзначајниот дел од историскиот центар на Москва - срцето на руската историја и извонредно атрактивен архитектонско уметнички комплекс. Прошетка низ неговите катедрали, дворови и дворци (црквата Успение на Архангел, Цар-ѕвоното, Цар-топот, итн). Можност да се посети и Палатата на Оружјето - вистинска ризница на богатства во московскиот Кремљ заштитена од УНЕСКО, место каде се чуваат највредните предмети од царска Русија – круни, скиптри, кочии, скапоцени предмети и уметнички ремек-дела.

Попладне – трансфер до станицата и патување со супербрзиот воз Сапсан, кој ги поврзува двата најголеми руски града (поаѓање во 17:00 часот, пристигнување во 20:50 часот). По помалку од 4часа во воз, пристигнување во Санкт Петербург – градот на Петар Велики, градот на реките, каналите и мостовите. Сместување во хотел. Ноќевање.

5 ден: 14.04.2026 САНКТ ПЕТЕРБУРГ – Северната Венеција (Петерхоф)
Појадок. Ден за запознавање со раскошниот Санкт Петербург, еден од најубавите градови во Европа. Панорамско разгледување на градот без влезници: Невски Проспект, Казанската катедрала, Дворскиот плоштад, Ермитаж, Адмиралитетот, Исакиевската катедрала, Бронзениот коњаник, како и познатите мостови и канали што му го даваат прекарот „Северна Венеција“. Факултативно: посета на Петропавловската тврдина и црквата на св. Петар и Павле каде се закопани голем број на руски цареви и императори почнувајќи од Петар I. Во овој комплекс кој претставува историското јадро на градот се наоѓа историскиот музеј на Санкт Петербург како и прочуените зандани. Слободно време за прошетки по живописните улици и кафулиња. Ноќевање.

6 ден: 15.04.2026 САНКТ ПЕТЕРБУРГ (Пушкин – Царско Село; Петерхоф)
Појадок. Слободен ден за индивидуални прошетки, или факултативно ден исполнет со царска убавина. Факултативна посета на Пушкин – Царското Село, летната резиденција на Екатерина Велика, замокот и прекрасниот парк со површина од 34 км2. Ентериерот на замокот фасцинира со сјајот на уметничките предмети изработени од полускапоцени камења, злато, портрети на династијата Романови. Ќе имате можност да влезет и да ја видите прочуената Килибарска сала, симбол на богатството и уметничката префинетост на руската империја. Попладне – факултативна екскурзија до Петерхоф, раскошната летна резиденција на Петар Велики, позната по своите паркови и фонтани, поради што често се нарекува Рускиот Версај. Поглед кон познатата фонтана со 250 позлатени скулптури и прошетка низ Горниот и Долниот парк, се до обалата на Финскиот залив од каде се шири поглед кон Санкт Петербург и Кронштат. Враќање во градот. Ноќевање.

7 ден: 16.04.2026 САНКТ ПЕТЕРБУРГ (Ермитаж; Крстарење по Нева)
Појадок. Слободен ден за индивидуални активности, а наш предлог е денот да го посветите на уметност и инспирација со организираните факултативни тури. Факултативна посета на Ермитаж – еден од најголемите и најбогати музеи во светот, сместен во поранешниот Зимски дворец покрај брегот на Нева, во срцето на градот. Неколку милиони експонати и уметнички дела од сите епохи, меѓу кои ремек-делата на Леонардо да Винчи, Тицијан, Ван Гог, Сезан, Рембрант, Пикасо и многу други. Музејот е неверојатна ризница на безвременски дела од непроценливо значење. Попладне – факултативно крстарење по реката Нева, со поглед кон фасадите, куполите и мостовите што го прават Санкт Петербург град од соништата. Слободна вечер. Ноќевање.

8 ден: 17.04.2026 САНКТ ПЕТЕРБУРГ – ИСТАНБУЛ – СКОПЈЕ
Последен Појадок во градот на реките и дворците. Трансфер до аеродромот. Лет за Истанбул со Turkish Airlines во 12:50 часот (TK402), пристигнување во 16:55 часот. Потоа лет за Скопје во 18:55 часот (TK1005), пристигнување во 19:30 часот. Со спомени исполнети со царска убавина, православна духовност и руската душа – завршува ова незаборавно велигденско патување.

МОСКВА & СТ ПЕТЕРБУРГ

Хотели 4****

ПЕРИОД НА ПАТУВАЊЕ 10.04.2026 – 17.04.2026
УСЛУГИ Ноќевање со појадок
НОЌЕВАЊА / ДЕНОВИ 7 Ноќи / 8 Дена
Регуларна Цена по лице во двокреветна соба 1.395 € / 86.490 мкд
EARLY BOOKING ЦЕНА по лице за резервации до 31.12.2025 1.290 € / 79.980 мкд
Доплата за еднокреветна соба 200 € / 13.020 мкд
Попуст за дете од 02-11,99 години -100 € / 6.200 мкд
Попуст за трето возрасно лице во соба не следува. Лежај за 3то лице може да е со помали димензии од стандардните.

Во цената е вклучено:
•Авионски превоз на релација Скопје – Истанбул – Москва и Санкт Петербург – Истанбул – Скопје, со Turkish Airlines.
•Аеродромски такси, чекиран багаж 20кг и рачен багаж 8кг.
•Воз Сапсан од Москва до Ст. Петербург (окулу 4 часа).
•3 ноќевања со појадок во хотел 4* во Москва.
•4 ноќевања со појадок во хотел 4* во Санкт Петербург.
•Трансфери според програмата.
•Панорамски разглед на Москва со локален водич на српски јазик, без вклучени влезници, според програмата.
•Панорамски разглед на Ст. Петербург со локален водич на српски јазик, без вклучени влезници, според програмата.
•Придружник на групата за време на престојот во Русија, локални водичи, организација на аранжманот.

Во цената не е вклучено:
•Патничко здравствено осигурување.
•Дополнителни оброци, пијалоци и други индивидуални трошоци.
•Факултативни посети, излети и влезници (Пријавување во агенција)

ФАКУЛТАТИВНИ ИЗЛЕТИ (со водич, превоз и влезници вклучени):

Москва
•Кремљ (и 2 православни цркви)*** 55еур
•Сергиев Имот 50еур
•Прошетка низ Московско Метро 10еур
•Бородинска Битка 40еур
•Крстарење по реката Москва 50еур
•Палатата на оружјето 55еур

Ст. Петербург
•Ермитаж 50еур
•Пушкин (Царското село) *** 65еур
•Петерхоф, Горен и Долен парк 55еур
•Петропавловска Тврдина 40еур
•Пловење по реката Нева 40еур

*** За реализација на Пушкин (Царско село) и Кремљ е потребно пријавување и плаќање со правење на резервацијата во агенција.
*** За пријавување и уплата на сите факултативни екскурзии однапред во агенција – 10 % ПОПУСТ (вкупна цена 460еур)

Важни Забелешки:
•Организатор на ова патување е Aурора Турс.
•За реализација на аранжманот, потребен е минимален број од 20 патници. Во случај на помал број пријавени патници, организаторот го задржува правото да го откаже аранжманот или да ја корегира / зголеми цената на истиот.
•За резервации потребна е авансна уплата во висина од 40% од вкупнот износ на аранжманот, целосна доплата најдоцна дваесет (20) дена пред поаѓање.
•Програмата и редоследот на разгледи и посети може да претрпи промени во зависност од состојба на терен и други објективни причини.
•Организаторот го задржува правото за промена на цените за факултативните излети во случај на промена на цените на влезниците во локалитетите.

Прочитано 1377 пати

КОНТАКТ

  • 11-ти Октомври бр. 13, 1400 Велес

ОТВОРЕТЕ ЈА НАШАТА
А ОДБЕРЕТЕ ЈА ВАШАТА СТРАНА ЗА ПАТУВАЊЕ !!!

Работно време

Лето 2025

Понеделник - петок 09.00 - 19.00

Сабота 10.00-14.45

Top