fbpx

Малага – сончевиот бисер на Андалузија, град на уметност, историја и вистински медитерански шарм.

Малага претставува еден од најстарите градови во Европа, лоциран на прекрасното Коста дел Сол, каде што морето, културата и гастрономијата се спојуваат во совршена хармонија. Овој жив град нуди уникатна комбинација на традиција и современ дух, со богато културно наследство и пријателска атмосфера што веднаш освојува.

Родниот град на Пабло Пикасо е дом на бројни музеи, уметнички галерии и историски споменици – од импресивната тврдина Алказаба и римскиот театар, до величествениот катедрален храм и модерниот Музеј на Пикасо. Прошетките низ старото градско јадро, полни со тесни улици, локални барови и шармантни плоштади, нудат вистинско уживање за сите сетила.

Малага е град на сонцето – со повеќе од 300 сончеви денови годишно и прекрасни плажи кои се протегаат по должината на брегот. Плажите Ла Малaгета и Педрегалехо се совршени за одмор и релаксација, а вечерите се исполнети со живот, музика и вкусна андалузиска храна.

Гастрономијата е вистинско доживување – од свежа морска храна и традиционални тапаси, до локално вино и ароматични јадења што ја одразуваат душата на Андалузија.

Со својата уметност, историја и морски дух, Малага е вистинска дестинација за оние кои сакаат да откријат повеќе од класичен одмор – град кој секогаш нуди нови причини да му се вратите повторно.

Датум:
08.04 – 12.04.2026

08.04.2026
- Собир со групата во Скопје и тргнување кон Тирана
- Пристигнување на патниците на аеродромот во Тирана два часа пред летот.
- Полетување за Малага во 18:10 часот . Слетување во Малага во 21:35 часот.
- Ноќевање

09.04.2026

- Појадок.
- По заминувањето од Торемолинос се упатуваме кон Севиља, главниот град на Андалузија, сместен во плодната долина на реката Гвадалквир. Многумина ја сметаат Севиља за еден од најубавите европски градови – вистински музеј на отворено.

• Катедралата во Севиља – најголемата готска и средновековна катедрала во светот, изградена на местото на стара џамија по заминувањето на Маврите. Внатрешноста е богато украсена со злато и ремек-дела на изведбата. Во неа се наоѓа и гробницата на Кристофер Колумбо.
• Гиралда – најпознатиот симбол на градот.
• Кралскиот Алказар – поранешна маварска палата, еден од најубавите примери на
мудехар архитектурата
• Златната кула (Torre del Oro) – прочуената стражарска кула покрај реката.
• Градската куќа и историскиот центар со неговите улички.
• Парк Марија Луиза – најубавиот парк во Севиља, опкружен со музеји, палати и споменици.
• Арена за корида од 19 век – една од најпознатите во Шпанија (панорама однадвор).
• Плоштад Шпанија - еден од најубавите и најпознати плоштади во Шпанија Катедралата заедно со Гиралда од 1987 година се под заштита на УНЕСКО.
- По разгледот следи слободно време за индивидуални активности, прошетка или ручек. По договор, заминување и враќање во хотелот.
- Ноќевање.

10.04.2026
- Појадок.
- Слободно време за индивидуални активности или можност за факултативен излет до Марбеља и Ронда.
- Марбеља е едно од најпознатите летувалишта на медитеранскиот брег и еден од најпосетените градови на Коста дел Сол. По заедничкото разгледување и слободното време, следува патување кон Ронда – еден од највпечатливите градови во Андалузија.
- Разгледување со водич: мостот Пуенте Нуево, од каде се пружа најубавата панорама на градот и кој ги поврзува стариот маварски дел и новиот дел – Ел Меркадио; арената за борба со бикови – една од најстарите во Шпанија; арапските бањи, палатата Мондрагон, палатата на маварскиот крал, градските порти и ѕидини, плоштадот Дуке де Парсент со црквата Санта Марија...

- Слободно време за индивидуално уживање во овој прекрасен град. Во договорено време, поаѓање кон Торемолинос.
- Ноќевање.

11.04.2026

- Појадок.
- Денот го посветуваме на Гранада и Кордоба
Гранада е еден од највпечатливите и најромантични градови во Шпанија, познат како последната маварска престолнина и градот на кралскиот пар Изабела од Кастилија и Фернандо од Арагон.
Следува посета на мистичната и величествена Алхамбра – чиј назив на арапски значи „Црвената тврдина“. Ова архитектонско ремек-дело е вистинско чудо на исламската уметност и претставува еден од најпрестижните и најпосетувани историски комплекси на Пиринејскиот Полуостров.
Алхамбра е составена од:
• маварските палати со неверојатни детали и резби,
• моќните тврдини и стражарски кули,
• величествените Nasrid палати,
• мирните дворови и фонтаните,
• прекрасните Генералифе градини – оаза на мир и инспирација за поети, уметници и патници со векови.
Од 1984 година, целиот комплекс е под заштита на УНЕСКО како светско културно наследство.

Потоа се упатуваме кон Кордоба, град кој често го нарекуваат „осамениот бисер во срцето на Андалузија“. Сместен покрај реката Гвадалакивир, Кордоба е град што со векови инспирира поети, меѓу кои и Федерико Гарсија Лорка, благодарение на неговата тивка убавина и извонредна архитектура.
Започнуваме со разглед на најзначајните делови од градот:
• Стариот римски мост, симболичен влез во историското јадро.
• Еврејскиот кварт (Judería) – лавиринт од тесни, живописни улички исполнети со чаршиски дух и традиционална андалузиска архитектура.
• Џамијата–Катедрала Мескита, најголемото архитектонско богатство на Кордоба и едно од највеличествените верски објекти во светот. Нејзината шума од столбови, хармонија на исламската и христијанската уметност и уникатниот стил ја прават вистинско ремек-дело. Мескита е под заштита на УНЕСКО и претставува најпрепознатливиот симбол на градот.

- Враќање во хотел и ноќевање.

12.04.2026

- Појадок.
- Напуштање на собите и поаѓање кон Малага.

- Малага или престолнината на Коста дел Сол и родниот град на Пабло Пикасо. Пристигнување и краток разглед на центарот, идеален за брзо запознавање со духот на овој живописен медитерански град.
Ќе ги видиме најважните знаменитости:
• Катедралата на Малага – позната по својот недовршен втор кулa
• Римскиот театар – сместен под мавританската тврдина
• Старата чаршија и пешачката зона Calle Larios – идеални за прошетка и кафе
Панорамски ќе ги погледнеме и мавританските тврдини Алкасаба и Гибралфаро, кои ја раскажуваат богатата историја на градот.
По убавиот разглед следи слободно време за прошетка, фотографирање или уживање покрај морето со многу препораки за локални специјалитети, уживање во уникатни кафулиња на прекрасни локации.
- Трансфер до аеродромот во Малага.
- Полетување за Тирана во 21:35 часот.
- Слетување во Тирана во 00:50 часот.

Цена:
599€ за возрасно лице
559€ за дете од 02 – 11.99 години
80€ за деца до 02 години

Во цената е вклучено:
Трансфер Скопје – Тирана – Скопје
Повратен авионски лет од Тирана со рачен багаж
Аеродромска такса
5 ноќевања со појадок во Tent Torremolinos 3*
Продолжен појадок до 13:30 часот
Трансфер од аеродром – хотел – аеродром

Во цената не е вклучено:
Туристичка такса по лице / ден
Факултативни излети
Патничко осигурување
Локален транспорт: метро или автобуски билети

За реализација на аранжманот потребен е минимум од 20 патници.
Типот на соба го одредува хотелот на лице место, во зависност од моменталната расположливост. Не е можно да се резервира одреден кат или страна.
Пасошот мора да има важност најмалку 90 дена по напуштање на Шенген зоната.
Секој патник е должен да поседува важечко патничко осигурување.
При резервација се уплатува аванс од 30% од вкупната сума.
Плаќањата во денарска противвредност се пресметуваат по курс 1 ЕУР = 62 МКД.
Агенцијата го задржува правото на измена на програмата, во согласност со околностите.
Организаторот на патувањето го задржува правото да ги понуди и продаде слободните места по специјални “ultrafirst” или “last minute” понуди, по цени кои може да се разликуваат од веќе објавените.
Патниците кои го уплатиле аранжманот според редовниот ценовник немаат право на поврат или надомест на средства по основ на разликата во цената.

 

Прочитано 1840 пати

КОНТАКТ

  • 11-ти Октомври бр. 13, 1400 Велес

ОТВОРЕТЕ ЈА НАШАТА
А ОДБЕРЕТЕ ЈА ВАШАТА СТРАНА ЗА ПАТУВАЊЕ !!!

Работно време

Лето 2025

Понеделник - петок 09.00 - 19.00

Сабота 10.00-14.45

Top