Srebrna Lisica 3*- Kopaonik
https://www.srebrnalisica.com/
Хотелот Сребрна лисица се наоѓа во срцето на ски центарот во рамките на Националниот парк Копаониk. Поранешен Хотел Инвестбанка, сегашен „ Hotel Srebrna Lisica ***“, сместен покрај стазата Мало езеро (вечерна стаза) и Сунчана долина, на 1752 м надморска висина, со поглед кој бујна смрекова шума. Пред самиот влез во центарот, по патот накај Јашаничка бања и Рашка, се двои патот и води до паркингот на самиот објект „ Hotel Srebrna Lisica ***“.
Хотелот поседува удобни апартмани и двокреветни соби. Апартманите за сместување 2-6 лица со одделена спална соба, удобен дневен престој со TV, телефон. Собите имаат француски кревети, 2 единечни, купатило, TV, телефон. Од сезоната 2014/2015, Апп- Хотел „Srebrna Lisica“ е комплетно реновиран.

Политика за откажување:
- Отказ или промена на термин се смета за валидна исклучиво кога се доставува во писмена форма;
- Уплтатен аванс од 30% од вкупната сума не се рефондира;
- Доколку гостинот го прекине престојот , остатокот од средствата нема да бидат рефондирани;
- 50% од вкупната вредност на резервацијата ќе биде наплатена доколку се откаже резервацијата 15-8 дена пред почетокот на аранжманот;
- 100% од вкупната вредност на аранжманот ќе биде наплатено доколку се откаже резервацијата 8-0 дена пред почеткот на аранжманот;
