fbpx

Bellos house се наоѓа на самиот брег на морето. Гостите може да се спуштат по скалите од дворот и да се капат во морето. Најблиската плажа е оддалечена околу 150м., додека градската плажа е на околу 500м. На околу 300м се најблисите продавници, пекари, маркети.
Низ убаво средениот простран двор води поплочена стаза до морето и до летниковецот, каде има скара и гарнитури за седење, лежалки и чадори, кои гостите може да ги користат.

Важна напомена:
Во периодот на попладневен одмор (од 15 до 17:30) како и по 23 часот строго е забрането играње во дворот, пуштање музика и правење бука!
Сместувачките единици се на 1. кат. Двокреветен и трокреветен апартман и два четирикреветни дуплекс апартмани од кои едниот има една пролазна спална соба, која е физички одвоена со врата од кујната и другата спална соба (и двете соби излегуваат на тераса), додека другиот нема пролазни спални соби, но само од едната се излегува на тераса. Апартманите се со директен поглед на море, додека дуплексите се со делимичен поглед на море затоа што погледот им е делимично попречен од кровот на куќата пред нив.
Секоја сместувачка единица има основно опремена кујна (садови, фрижидер, решо, прибор за јадење), комарници, тенди, купатило, тераса со гарнирура за седење, ТВ и клима уред чие користење е вклучено во цената. Замена на постелнината и пешкирите е на пола смена, a чистењето е секој ден (освен недела). Објектот има бежичен интернет за чија брзина не можеме да гарантираме. Куќата нема сопствен паркинг.
GPS koordinati: 39.9488857, 23.5252503

BELLOS NEA SKIONI 24 NC

ОПИС НА СМЕСТУВАЧКИТЕ ЕДИНИЦИ
1/2 апартман со поглед на море – во една просторија чајна кујна, во другата два единечни кревети (споени)
Максимум за 2 возрасни + бебе под 2 години
1/3 апартман со поглед на море – во една просторија чајна кујна и еден единечен кревет, во другата просторија два единечни кревети (споени) Максимум за 3 лица
1/4 дуплекс апартман со делимичен поглед на море – во една просторија чајна кујна, во едната спална два единечни кревети, во другата спална соба еден брачен кревет или два единечни.
Максимум за 4 возрасни и 1 дете под 7 години!

 

Прочитано 205 пати

КОНТАКТ

  • 11-ти Октомври бр. 13, 1400 Велес

ОТВОРЕТЕ ЈА НАШАТА
А ОДБЕРЕТЕ ЈА ВАШАТА СТРАНА ЗА ПАТУВАЊЕ !!!

Работно време

Пролет 2024

Понеделник - петок 09.00 - 19.00

Сабота 09.00-14.45

Top