fbpx

Јерисос е едно од најголемите туристички места на полуостровот Халкидики и е на само 340 км од Скопје. Градот во кој живеат повеќе од 3000 жители има долга, песочна плажа која има сино знаме за чистота и шеталиште со таверни, кафетерии и атракции за најмладите. Од Јерисос секојдневно се организираат крстарења околу Света Гора и островот Амулијани.

Вила M&B Suites се наоѓа во мирен дел на градот на само 50 метри од градската плажа. Вилата располага со три четворокреветни студија и едно трокреветно студио. Сите соби се луксузно опремени со најнов инвентар. Комплетно опремена кујна, клима (вклучена во цена), сопствено купатило, тераса и сопствен паркинг. Чистење на апартманот и менување на постелнина и пешкири е секоја среда.

Студио бр.1 - располага со голем брачен кревет и софа која не се пушта. Во ова студио може да се сместат максимум 2 возрасни лица и 2 деца до 10 години или 3 возрасни лица. (Purple color/front на сликите)
Студио бр.2 - располага со голем брачен кревет и дупла софа на пуштање. Во ова студио може да се сместат максимум 2 возрасни лица и 2 деца до 12 години или 4 возрасни лица. (Dark green color/front на сликите)
Студио бр.3 - располага со голем брачен кревет и дупла софа на пуштање. Во ова студио може да се сместат максимум 2 возрасни лица и 2 деца до 12 години или 4 возрасни лица. (Dark blue color/back на сликите)
Студио бр.4 - располага со голем брачен кревет и дупла софа на пуштање. Во ова студио може да се сместат максимум 2 возрасни лица и 2 деца до 12 години или 4 возрасни лица. (Turquoise color/back на сликите)

50% ПОПУСТ ЗА АПАРТМАНСКО СМЕСТУВАЊЕ ВО ГРЦИЈА
Промоцијата важи само на 11.11.2026 од 09.00 до 18.00 часот
Попустот се пресметува исклучиво на сезонските цени од 27.06 до 22.08

Плаќање и резервација:
За потврда на резервацијата, задолжителна е целосна уплата на износот со пресметан попуст.
Усни резервации не се прифаќаат.
Важи принципот „Прв дојден, прв услужен“.
Бројот на апартмани е ограничен.
По потврдувањето на резервацијата, не е дозволена промена на терминот на престојот или на името на патникот.

Услови за отказ:
При отказ на аранжманот повеќе од еден месец пред поаѓањето (до 30дена), се задржуваат 10% од вредноста на аранжманот како трошок за отказ, односно не се применуваат стандардните услови објавени на ВЕБ страната.
При отказ помалку од 29 дена пред поаѓањето, се применуваат стандардните услови за патување

Термин Ноќевања 1/4 студио
23.05 7 ноќи 300€
30.05 7 ноќи 350€
6.06 7 ноќи 390€
13.06 7 ноќи 450€
20.06 7 ноќи 490€
27.06 7 ноќи 590€
4.07 7 ноќи 730€
11.07 7 ноќи 830€
18.07 7 ноќи 930€
25.07 7 ноќи 1,040€
1.08 7 ноќи 1,040€
8.08 7 ноќи 1,040€
15.08 7 ноќи 1,040€
22.08 7 ноќи 1,040€
29.08 7 ноќи 870€
5.09 7 ноќи 690€
12.09 7 ноќи 490€
19.09 7 ноќи 300€
26.09 7 ноќи 250€


ЦЕНА ВКЛУЧУВА: Наем на студиото или апартманот за 7 ноќевања.

Цена за превоз:
Превоз за возрасен 60€ / Еден правец 50€
Деца до 12 години 45€ / Еден правец 35€
Дете до 2 години (без седиште) – бесплатно

НАПОМЕНИ И УСЛОВИ ЗА РЕЗЕРВАЦИЈА

ЦЕНИ И НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ
Цените наведени во табелите се однесуваат на наем на студио / апартман за 7 ноќевања.
Туристичката такса изнесува 20 € по студио/апартман за 7ноќи, не е вклучена во цената и се плаќа во агенција.
Сите цени се изразени во евра, а уплатата се врши исклучиво во денарска противвредност, по фиксен курс од 1 € = 62,00 денари.
Патничкото осигурување е задолжително и не е вклучено во цената на аранжманот.

ПОПУСТИ И СПЕЦИЈАЛНИ ПОНУДИ
При резервација и уплата на два последователни термини, се одобрува 10% попуст на вториот термин, пресметан исклучиво на редовната цена.
Попустите не можат да се комбинираат. Попустот за рана резервација и попустот за два последователни термини меѓусебно се исклучуваат.
На промотивните и специјалните цени не се одобруваат дополнителни попусти.
Организаторот го задржува правото да понуди слободни капацитети по специјални Ultra First Minute или Last Minute цени, кои може да се разликуваат од редовно објавените.
Патниците кои претходно резервирале и уплатиле аранжман по важечкиот ценовник немаат право на поврат на разликата во цената доколку дополнително биде објавена пониска промотивна понуда.

РЕЗЕРВАЦИИ И УСЛОВИ ЗА УПЛАТА
Резервацијата се смета за потврдена исклучиво по извршена авансна уплата од 30% од вкупната вредност на аранжманот.
Преостанатиот износ мора да биде целосно уплатен најдоцна 10 дена пред датумот на поаѓање.
Усните и телефонските резервации без соодветна авансна уплата не се сметаат за валидни.

СМЕСТУВАЊЕ И КАПАЦИТЕТ
Во студиото или апартманот е дозволено сместување согласно предвидениот број кревети и капацитетот на сместувачката единица.
Бројот и идентитетот на сместените лица мора да одговараат на податоците наведени во ваучерот издаден од организаторот.

ПРИЈАВУВАЊЕ И ОДЈАВУВАЊЕ
Пријавување (Check-in): по 14:00 часот, по локално време.
Одјавување (Check-out): најдоцна до 09:00 часот, по локално време.

ПРАВИЛА ЗА ПРЕСТОЈ
Гостите се должни да го користат сместувањето одговорно и по завршувањето на престојот да го остават студиото или апартманот во чиста и уредна состојба.
За секоја материјална штета предизвикана за време на престојот, одговорноста ја сноси гостинот, кој е должен да ја надомести штетата директно на сопственикот на објектот.
Доколку користењето на клима-уред е вклучено во цената, гостите се должни да го исклучуваат при напуштање на сместувањето. Во случај на непочитување на ова правило, сопственикот го задржува правото да го ограничи или прекине користењето на оваа услуга.
Организаторот не презема одговорност за брзината, стабилноста и квалитетот на интернет-конекцијата во сместувачкиот објект или дестинацијата.

ПАТНИ ДОКУМЕНТИ
Секој патник е лично одговорен за валидноста, исправноста и навременото обезбедување на потребните патни документи.
Невалидни, истечени или нецелосни патни документи не претставуваат основ за бесплатно откажување на аранжманот или промена на резервираниот термин.

ВАЖНО:

Со потврдување на резервацијата и уплата на авансот, патникот потврдува дека е запознаен со наведените услови за резервација, плаќање и престој.
При промена на резервација или отказ на резервација задолжителни се 620 денари манипулативни трошоци, покрај примената на Општите услови.

 

 
Прочитано 43 пати

КОНТАКТ

  • 11-ти Октомври бр. 13, 1400 Велес

Viber контакт

ОТВОРЕТЕ ЈА НАШАТА
А ОДБЕРЕТЕ ЈА ВАШАТА СТРАНА ЗА ПАТУВАЊЕ !!!

Работно време

Понеделник - петок 09.00-18.00 ч

Сабота 10.00-14.00

Top