fbpx


Ханиоти е едно од најпознатите и најпосетувани туристички места на Касандра, првиот крак на Халкидики, препознатливо по прекрасните плажи, кристално чистото море, медитеранската атмосфера и богатата туристичка понуда.Местото располага со долга плажа, тиркизно море и уредено крајбрежје, идеално за уживање во сончевите летни денови. Центарот на Ханиоти е исполнет со живописни улици, традиционални грчки таверни, модерни ресторани, кафулиња, слаткарници и продавници за сувенири.Во вечерните часови, Ханиоти добива посебен шарм. Прошетките низ центарот, пријатната атмосфера и бројните места за забава го прават одличен избор и за семејства и за парови, како и за туристи што сакаат динамичен летен одмор. Локација и опис на сместувањето

Вила Наташа е сместена на одлична локација, во непосредна близина на центарот на Ханиоти, на само 80 метри од прекрасната плажа. Благодарение на својата местоположба, вилата овозможува брз и лесен пристап до морето, како и до бројните ресторани, традиционални грчки таверни, кафулиња, продавници и останати туристички содржини.Вилата нуди пријатно и функционално опремено сместување, погодно за парови, семејства со деца и групи пријатели кои сакаат да уживаат во летниот одмор, со сите потребни удобности на дофат.Истата располага со трокреветни студија, трокреветни и четворокреветни апартмани, како и простран четворокреветен дуплекс апартман, распоредени на вториот и третиот кат. За дополнителна удобност на гостите, вилата располага со лифт, а непосредно спроти објектот се наоѓа јавен паркинг.


BLACK FIRDAY 15% за резервации направени до 27.11.

( 50% аванс и комплет доплата до 05.03.2027.)

*За сезонски и вонсезонски термин*

Цените со * се Пакет аранжмани - цена по лице со вклучен превоз.

Задолжително плаќаат две лица

ВОНСЕЗОНСКИ
ТЕРМИН НАЕМ 1/3 апп / стд 1/4 апп / дуплекс
23.05 7 ноќи *149 € *179 €
30.05 7 ноќи *169 € *199 €
6.06 7 ноќи *199 € *229 €
13.06 7 ноќи *229 € *259 €
20.06 7 ноќи *259 € *289 €
СЕЗОНСКИ
27.06 7 ноќи 590€ 690€
4.07 7 ноќи 620€ 770€
11.07 7 ноќи 690€ 890€
18.07 7 ноќи 690€ 890€
25.07 7 ноќи 690€ 890€
1.08 7 ноќи 690€ 890€
8.08 7 ноќи 690€ 890€
15.08 7 ноќи 690€ 890€
22.08 7 ноќи 690€ 790€
ВОНСЕЗОНСКИ
29.08 7 ноќи *259 € *289 €
5.09 7 ноќи *229 € *259 €
12.09 7 ноќи *199 € *229 €
19.09 7 ноќи *169 € *199 €

 

Сите сместувачки единици се опремени со:

 Комплетно опремена кујна
 Сопствена бања
 Телевизор
 Wi-Fi интернет (достапен од 1 јуни)
 Клима-уред – вклучен во цената
 Пешкири

Распоред и опис на сместувачките единици:

Трет кат – трокреветни студија
Студио бр. 30 – трокреветно студио опремено со еден брачен и еден единечен кревет.
Студио бр. 31 – трокреветно студио опремено со еден брачен и еден единечен кревет.

Втор кат – трокреветен апартман
Апартман бр. 22 – трокреветен апартман составен од две одвоени простории: кујнски простор со еден единечен кревет и посебна спална соба со брачен кревет. Погоден за семејства со едно дете или за три лица кои сакаат поголема удобност.

Трет кат – четворокреветни апартмани
Апартман бр. 27 – четворокреветен апартман со две одвоени простории: кујнски простор со два единечни кревета и посебна спална соба со брачен кревет. Практичен избор за семејства со две деца.
Дуплекс апартман бр. 28 – простран четворокреветен апартман составен од три одвоени простории: кујна и две посебни спални соби, опремени со по два единечни кревета. Благодарение на функционалниот распоред и одвоените простории, овој апартман е одличен избор за семејства или групи пријатели кои сакаат повеќе простор и приватност за време на престојот.

ЦЕНА ВКЛУЧУВА:

Вонсезонски термини - пакет арамнжман (сместување со вклучен превоз по лице) за термините 23.05. – 20.06. и 29.08. – 19.09.

Цените во табелата за вонсезонските термини се обележани со* и обоени во црвено. Во пакет аранжманите важи следново правило: за престој во апартман плаќаат најмалку 2 лица. Доколку престојуваат три или четири лица, истите плаќаат само превоз доколку користат.

За патниците кои нема да користат организиран превоз, цената на пакет аранжманот не се намалува.

Сезонски термини - наем на студиото или апартманот за 7 ноќевања.

Цена за превоз:
Превоз за возрасен 60€ / Еден правец 50€
деца до 12 години 45€ / Еден правец 35€
Дете до 2 години (без седиште) – бесплатно


Термините во табелата се денови на поаѓање, состанок на група половина порано.
Скопје, улица Македонија - Хотел Бристол во 04.00 часот
Велес, бензинска станица, мотел Македонија во 04:30 часот
Неготино, бензинска станица "Макпетрол"во 05:00 часот
Гевгелија, бензинска станица, граничен премин во 06:00 часот
Агенцијата го задржува правото за промена на времето и местото на поаѓање.
Патникот е должен минмум 24 часа (еден ден) пред секое поаѓање да се информира за потврда за времето и местото на поаѓање.

НАПОМЕНИ И УСЛОВИ ЗА РЕЗЕРВАЦИЈА

ЦЕНИ И НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ

Цените наведени во табелите се однесуваат на Пакет аранжман * и наем на студио / апартман за 7 ноќевања.
Туристичката такса изнесува 2 € дневно по студио/апартман, не е вклучена во цената и се плаќа директно во објектот.
Сите цени се изразени во евра, а уплатата се врши исклучиво во денарска противвредност, по фиксен курс од 1 € = 62,00 денари.
Патничкото осигурување е задолжително и не е вклучено во цената на аранжманот.

ПОПУСТИ И СПЕЦИЈАЛНИ ПОНУДИ

При резервација и уплата на два последователни термини, се одобрува 10% попуст на вториот термин, пресметан исклучиво на редовната цена.
Попустите не можат да се комбинираат. Попустот за рана резервација и попустот за два последователни термини меѓусебно се исклучуваат.
На промотивните и специјалните цени не се одобруваат дополнителни попусти.
Организаторот го задржува правото да понуди слободни капацитети по специјални Ultra First Minute или Last Minute цени, кои може да се разликуваат од редовно објавените.
Патниците кои претходно резервирале и уплатиле аранжман по важечкиот ценовник немаат право на поврат на разликата во цената доколку дополнително биде објавена пониска промотивна понуда.
Услови за откажување на First Minute и Last Minute резервации:
За сите резервации на аранжмани направени во рамки на First Minute и Last Minute понудите, важат следните услови за откажување:

- До 15 дена пред датумот на поаѓање: се наплатуваат пенали во висина од 50% од вкупната вредност на аранжманот.
- На помалку од 15 дена пред датумот на поаѓање: се применуваат одредбите за откажување согласно Општите услови на патување.

РЕЗЕРВАЦИИ И УСЛОВИ ЗА УПЛАТА
Резервацијата се смета за потврдена исклучиво по извршена авансна уплата од 30% од вкупната вредност на аранжманот.
Преостанатиот износ мора да биде целосно уплатен најдоцна 10 дена пред датумот на поаѓање.
Усните и телефонските резервации без соодветна авансна уплата не се сметаат за валидни.

СМЕСТУВАЊЕ И КАПАЦИТЕТ
Во студиото или апартманот е дозволено сместување согласно предвидениот број кревети и капацитетот на сместувачката единица.
По претходно барање, дозволено е сместување на најмногу едно дете до 6 години над предвидениот капацитет, под услов детето да го дели креветот со двајца возрасни.
Бројот и идентитетот на сместените лица мора да одговараат на податоците наведени во ваучерот издаден од организаторот.

ПРИЈАВУВАЊЕ И ОДЈАВУВАЊЕ
Пријавување (Check-in): по 14:00 часот, по локално време.
Одјавување (Check-out): најдоцна до 09:00 часот, по локално време.

ПРАВИЛА ЗА ПРЕСТОЈ
Гостите се должни да го користат сместувањето одговорно и по завршувањето на престојот да го остават студиото или апартманот во чиста и уредна состојба.
За секоја материјална штета предизвикана за време на престојот, одговорноста ја сноси гостинот, кој е должен да ја надомести штетата директно на сопственикот на објектот.
Доколку користењето на клима-уред е вклучено во цената, гостите се должни да го исклучуваат при напуштање на сместувањето. Во случај на непочитување на ова правило, сопственикот го задржува правото да го ограничи или прекине користењето на оваа услуга.
Организаторот не презема одговорност за брзината, стабилноста и квалитетот на интернет-конекцијата во сместувачкиот објект или дестинацијата.

ПАТНИ ДОКУМЕНТИ
Секој патник е лично одговорен за валидноста, исправноста и навременото обезбедување на потребните патни документи.
Невалидни, истечени или нецелосни патни документи не претставуваат основ за бесплатно откажување на аранжманот или промена на резервираниот термин.

ВАЖНО:
Со потврдување на резервацијата и уплата на авансот, патникот потврдува дека е запознаен со наведените услови за резервација, плаќање и престој.
При промена на резервација или отказ на резервација задолжителни се 620 денари манипулативни трошоци, покрај примената на Општите услови.

 

 

Прочитано 1 пати

КОНТАКТ

  • 11-ти Октомври бр. 13, 1400 Велес

Viber контакт

ОТВОРЕТЕ ЈА НАШАТА
А ОДБЕРЕТЕ ЈА ВАШАТА СТРАНА ЗА ПАТУВАЊЕ !!!

Работно време

Понеделник - петок 09.00-18.00 ч

Сабота 10.00-14.00

Top