fbpx

Прага – европска метропола на културата, главен град на Чешка, златен град или град на стотина кули, претставува магичен град на мостови, катедрали, позлатени кули и црковни куполи. Лежи на реката Влтава. Поседува најдобро сочувано средновековно градско јадро во Европа, како и атрибути на еден од најмодерните европски градови.

1 ден – 22.05.2026 (Петок)
Состанок на групата на аеродромот во Скопје два саати пред време за лет. Полетување за Прага во 10:40 ч. Слетување во 12:55 ч. Организиран трансфер и сместување во хотел. Ноќевање.

2 ден – 23.05.2026(Сабота)
Појадок. Организиран панорамски разглед на градот: Hradčany, Loreto Church, Prague Castle, Базиликата (однадвор), Националната галерија, Катедралата „Свети Вид“, Базиликата „Свети Ѓорѓи“, Кралската палата и Златната уличка. Разгледувањето продолжува со посета на областа
Вишеград – тврдината со црквите и Националниот музеј (однадвор), Новиот градски плоштад и Карловиот мост. Враќање во хотел. Слободно време за вечера.

3 ден 24.05.2026 (Недела)
Појадок. Организирана посета на Карлови Вари со автобус. Патувањето трае околу 1 час и половина. Прошетка низ Карлови Вари со слободно време за индивидуални разгледувања. Враќање во хотел. Ноќевање.

4 ден – 25.05.2026 (Понеделник)
Појадок. Поаѓање за Кутна Хора. Патувањето трае околу 1 час во еден правец. Слободно време за прошетки. Поаѓање од Прага во 15:35 ч. Слетување во Скопје во 17:35 ч.

Цена: 419€ ( 25.978 мкд) по лице

Во цената се вклучени следниве услуги:
 Авио-билет на релација Скопје–Прага–Скопје со Wizz Air
 Аеродромски такси
 Бесплатен багаж 40 × 30 × 20 cm
 3 ноќевања со појадок во хотел со 3★
 Организиран превоз со автобус од аеродром до хотел и обратно
 Организирани панорамски разгледи според програмата
 Организација на патувањето и придружник од агенцијата за целиот престој во Прага
 Туристичка такса

Во цената не се вклучени следниве услуги:
 Сѐ што не е наведено во програмата
 Влезници за во објектите и културно-историски споменици
 Препорачуваме 1€ на ден од возрасно лице како бакшиш за водичот

Напомена:
1. Авиокомпанијата може да го промени времето на поаѓање и пристигнување, но во секој случај.
2. Во програмата е направена проценка во однос на запирањето, но доколку има застои во сообраќајот или застои предизвикани од друга причина, сите запирања може да не се направат. Возачот на автобусот има законски ограничено работно време.
3. Оваа програма е економична. Хотелите не се во централно подрачје на градовите. Името на хотелот се дава 1-2 дена пред тргнување. Како оператор, се трудиме да ги избереме најсоодветните хотели.

Општи услови за европски дестинации со WizzAir:
 Плаќањето е задолжително во денари (1€ = 62 ден)
 За ова патување потребен е валиден биометриски пасош со важност 90 дена од крајниот ден на патувањето
 Краен рок за откажување на аранжманот од страна на агенцијата: 7 дена пред патување
 За резервација задолжителна уплата од 100%
 Можност за откажување на аранжманот 15 дена однапред, со задржување на 50% пенали
 Откажување помалку од 15 дена пред патување: 100% пенали
 Промена на име на патникот може да се направи 7 дена пред патување со доплата од 150 €
 Цените за влезници во објектите може да претрпат промена и не се загарантирани
 Редоследот на разгледувања во програмата може да се промени поради временски услови, гужва во сообраќајот или договор со патниците
 За овој аранжман важат општите услови на патување

 

Прочитано 12 пати

КОНТАКТ

  • 11-ти Октомври бр. 13, 1400 Велес

ОТВОРЕТЕ ЈА НАШАТА
А ОДБЕРЕТЕ ЈА ВАШАТА СТРАНА ЗА ПАТУВАЊЕ !!!

Работно време

Лето 2025

Понеделник - петок 09.00 - 19.00

Сабота 10.00-14.45

Top