fbpx

Маурициус - парче од рајот што ги фасцинира сите што ја допреле неговата магија. Самото име на островот го сугерира за тропскиот луксуз, спокојството и можноста за комплетен одмор. Маурициус ќе ве фасцинира, ќе се чувствувате како да сте еден од ретките избрани да го допрете ова неверојатно место, каде што секој посетител ужива лично внимание, каде што зад секоја насмевка се крие ветување за уникатен одмор.

Република Маурициус е островска држава во југозападниот Индиски Океан, на околу 900 километри источно од најголемиот африкански остров Мадагаскар. Освен островот Маурициус, како дел од територијата на Маурициус се и островите Св. Брендон, Родригез и Агалега. Островот е откриен во 1507 година од страна на португалски морепловци, кој никогаш пред тоа не бил населен со луѓе. Главниот град е Порт Луис, а официјален јазик е англискиот, кој исто така е основeн трговски јазик. Не помалку е распространет и францускиот јазик, којшто е основата за локалниот говорен креолски јазик. Месеците од мај до октомври се поладни, што е поизразено при ниската влажност отколку во намалување на температурите.
Маурициус ... таму каде што се мешаат минатото и сегашноста ... таму каде што се воодушевувачки природните глетки и архитектонски знаменитости ... таму, каде што плажите се бескрајни ... каде што тиркизната вода нежно ги мие белите песочни брегови...
Корисни информации:
• Најдобро време за посета на островот Маурициус е периодот меѓу месеците ноември - мај.
• Валута: локалната валута е рупија. 1 евро = 40,15 рупии; 1 американски долар = 35,88 рупии. Можете да разменувате во хотелите, банките и менувачниците. Банкоматите се широко распространети.
• Кредитни картички - речиси насекаде е можно да се плаќа со меѓународните дебитни и кредитни картички Visa или MasterCard.
• Патување - можете да изнајмите автомобил или да користите такси. Во туристичките зони е широко распространето возење на велосипед или мопед. Таксистите работат со однапред утврдени тарифи по километар, кои се гледаат на залепени на вратите на возачите. Бакшишот не е задолжителн, но препорачува.
• Електрична енергија - напонот е 230V. Можете да ги користите европските електрични приклучоци.
• Бакшиши - обично изнесуваат околу 10% од сметката во локалот.

 

МАУРИЦИУС ОД СКОПЈЕ 2027!
Период
22.02 – 03.03.2027

7 ноќевања | 23.02 – 02.03
Turkish Airlines од Скопје


Half Board / All Inclusive


Промо цени од 1.580 € по лице!

Ambre – Adults Only | HB  од 1.580 €
Radisson Blu Azuri Resort & Spa | HB од1.621 €
Sofitel Mauritius L'Imperial | HB од1.958 €
Hilton Mauritius Resort & Spa | HB од 2.115 €
RIU Palace Mauritius – Adults Only | ALL INCLUSIVE од 2.146 €
Sugar Beach Mauritius | Sea View | HB од 2.211 €

Во цената е вклучено:
Повратен лет Скопје – Маурициус – Скопје
Багаж согласно условите на авиокомпанијата
7 ноќевања
Избрана услуга HB / AI

Информации и резервации:

043 231 221

e-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Прочитано 4724 пати

КОНТАКТ

  • 11-ти Октомври бр. 13, 1400 Велес

ОТВОРЕТЕ ЈА НАШАТА
А ОДБЕРЕТЕ ЈА ВАШАТА СТРАНА ЗА ПАТУВАЊЕ !!!

Работно време

Лето 2026

Понеделник - петок 09.00-19.00 ч

Сабота 10.00-14.00

Top