fbpx

I amsterdam

Амстердам - градот на слободата и забавата, градот на уметноста и сликарството. Град кој може да се пофали со 1.600 културни настани во текот на годината и дури 40 музеи. Прошетајте со велосипед низ стaриот дел на градот, дозволете си прошетка низ каналите на Амстердам, почуствувајте ја слободата на духот и едноставните и љубезни холанѓани. Посетети ги музеите на Ребрант и Ван Гог кои овде твореле.... Заминeте си дома со едне луковица лале која некогаш била повредна од денес бесценетите уметнички дела на врвните холандски сликари.

Не пропуштајте да ги посетите:

- Куќата на Ана Франк
- Музејот на Ван Гот
- Рајкс Музејот
- Улицата Спигел
- Бегинхов со најстарата куќа во Амастердам
- Црвениот Кварт
- Пловење по каналите
- Плоштадот Дам
- Плоштадот Rembrandtplein
- Плоштадот Leidseplein

БРИСЕЛ и АМСТЕРДАМ
20.03-23.03.2026

Цена по лице 489 €

4 ДЕНА / 3 НОЌИ – АВИОНСКИ ПРЕВОЗ Брисел - важи како главен град на Европа, вистински мултикултурен град, кој плени со својата архитектура, цветните плоштади со бројните кафетерии, прекрасните паркови и готските катедрали. Познат е по Атомиумот, вкусната кујна, белгиското чоколадо, по немирниот дух на своите жители, бучните улици и големите трговски центри.
Амстердам – градот на слободата и забавата, град на уметноста и сликарството. Амстердам важи за еден од најубавите градови во Европа и ретко кој не сака да го посети, па дури и да живее таму. Познат е по каналите низ градот, по грижата на жителите за околината и природата и по прекрасните места за прошетка.

1 ден – 20.03.2026 (петок)
Состанок на групата на аеродромот во Скопје два часа пред време за лет. Полетување за Брисел во 06:00 ч., Слетување во 08:55 ч. Организиран трансфер со автобус и разглед на градот: Атомиум - иконскиот споменик на Брисел,, паркот Cinquantenaire, возење низ Европскиот кварт со кратко застанување кај Триумфалната порта и паркот, Европскиот парламент, Европската комисија, Кралската палата и Place Royal – централниот кралси плоштад. Потоа следува Mont des Arts - панорамски културен комплекс и градина, како и пешачки разглед на стариот дел на градот, разглед на Стариот град: Grand Place – главниот градски плоштад, Brussels City Hall и Guild Houses – историските еснафски куќи, посета на Manneken Pis – најпознатата скулптура во градот, како и Galeries Royales Saint-Hubert – покриена луксузна трговска галерија. Факултативно: влез во Атомиум. Сместување во хотел. Слободно време за вечера (факултативно). Ноќевање.
2 ден – 21.03.2026 (сабота)
Појадок. Организирано поаѓање со автобус кон Бриж. Целодневен разглед на градот: Minnewater Park и езерото Minnewater – познато како „Езерото на љубовта“, кратка прошетка низ Begijnhof (Beguinage) – историскиот бегински комплекс, разглед на градските бедеми и средновековните порти Kruispoort и Gentpoort, посета на старата ветерница, потоа Grote Markt – главниот плоштад со кулата Belfry of Bruges, како и Burg Square со Bruges City Hall (Stadhuis) и Basilica of the Holy Blood – една од најзначајните верски градби. Факултативно: искачување на кулата Belfry of Bruges или возење со бродче низ каналите. Сместување во хотел во близина на холандско-белгиската граница. Ноќевање.
3 ден – 22.03.2026 (недела)
Појадок. Организирано поаѓање со автобус кон Amsterdam и панорамски разглед на градот: Dam Square – централниот плоштад, Royal Palace Amsterdam, Nieuwe Kerk и National Monument. Потоа следува минување покрај Magere Brug (Skinny Bridge) – познатиот дрвен мост, и реката Amstel. Разгледот продолжува со надворешна посета на Rijksmuseum – националниот музеј, Van Gogh Museum и Concertgebouw – прочуената концертна сала. Пешачка тура низ Jordaan – една од најживописните населби, позната по шармантните канали, традиционалната архитектура, бутиците и локалните кафетерии. Факултативно: пловидба со бродче низ каналите или искачување на панорамскиот видиковец A’DAM Lookout. Сместување во хотел. Ноќевање.
4 ден – 23.03.2026 (понеделник)
Појадок. Поаѓање кон Хаг и панорамски разглед: панорамски разглед на градот: Peace Palace – седиштето на Меѓународниот суд на правдата, Binnenhof – парламентарниот комплекс и Noordeinde Palace – работната кралска палата. Потоа продолжување кон Rotterdam, со можност да се видат Erasmus Bridge – еден од симболите на градот, Markthal – модерна покриена пазарна хала и Cube Houses (Kubuswoningen) – познатите куќи-коцки. Трансфер кон Eindhoven. Полетување во 16:10 ч., слетување во Скопје во 18:50 ч.

Во цената се вклучени следниве услуги:
 Авионска карта на релација Скопје – Брисел – Ајндховен - Скопје со Wizz Air
 Аеродромски такси
 Бесплатен рачен багаж 40x30x20 cm
 3 ноќевања со појадок во хотел со 3* според програмата
 Организиран превоз со автобус од аеродром до хотел и обратно
 Организирани панорамски разгледи на градовите со автобус
 Организација на патувањето и придружник од Агенцијата за целиот престој
 Туристичка такса
Важна напомена:
1. Авиокомпанијата може да го промени времето на поаѓање и пристигнување.
2. Во програмата е направена проценка во однос на запирањето, но доколку има застои во сообраќајот или застои предизвикани од друга причина, сите запирања може да не се направат. Возачот на автобусот има законски ограничено работно време.
3. Оваа програма е економична. Хотелите не се во централно подрачје на градовите. Името на хотелот се дава 1-2 дена пред тргнување. Како оператор, се трудиме да ги избереме најсоодветните хотели.

Во цената не се вклучени следниве услуги:
 Сѐ што не е наведено во програмата
 Влезница за во објектите и културно-историските споменици
 Препорачуваме 1€ на ден од возрасно лице како бакшиш за водичот

Општи услови:
 Плаќањето е задолжително во денари (1€ = 62 ден) ;
 За ова патување потребен е валиден биометриски пасош со важност 90 дена од денот на патувањето
 Kраен рок за откажување на аранжманот од страна на агенцијата 7 дена пред патување
 За резервација задолжителна уплата од 100%
 Можност за откажување на аранжманот 15 дена однапред, со задржување на 50% пенали
 Откажување помалку од 15 дена пред патување: 100% пенали
 Промена на име на патникот може да се направи до 7 дена пред патување со доплата од 150 €
 Цените кои се горенаведени за влезниците во објектите може да претрпат промена, не се загарантирани. Редоследот на разгледувањата во горенаведената програма можно е да претрпи некои промени и тоа се во зависност од временските услови или договор со патниците
 За овој аранжман важат општите услови на патување

резервирај сега 043 231 221

Прочитано 5562 пати

КОНТАКТ

  • 11-ти Октомври бр. 13, 1400 Велес

ОТВОРЕТЕ ЈА НАШАТА
А ОДБЕРЕТЕ ЈА ВАШАТА СТРАНА ЗА ПАТУВАЊЕ !!!

Работно време

Лето 2025

Понеделник - петок 09.00 - 19.00

Сабота 10.00-14.45

Top