fbpx

Париз и Дизниленд (Disneyland) - 17 октомври, 12 Ноември, 06 Декември

  • Понудата е објавена на 21/09/2026

Термини


17.10.2026 - 20.10.2026
Цена по лице € 569


12 November
12.11.2026 - 15.11.2026
Цена по лице € 569


6 December
06.12.2026 - 10.12.2026
Цена по лице € 619

 

Детали за турата
Локација

Распослан на бреговите од реката Сена, која го дели на два дела, овој преубав град, познат како “Град на светлината“ е политички, економски и културен центар на Француската држава. Тој е еден од најзначајните светски градови во кој имаат свое седиште бројни меѓународни организации. Поради својата историја долга два милениуми, Париз отсекогаш бил место на значајни историски случувања како и собиралиште на најпознати светски уметници. Големиот број на знаменитости и туристички атракции како Дворецот Версај и Монтенебло, катедралата Нотр Дам, Црквата Сакр Кер, Музеите Лувр, Орсеј и многу други ке го направат Вашиот престој во овој град музеј, незаборавен.

Програма

1 ден

Состанок на групата на аеродром во Скопје два часа пред лет. Полетување за Париз во 12:10 часот. Слетување во 15:10 часот. (Ноември 13:00-16:05, Декември 11:15 со 14:20).Организиран трансфер со автобус до градот со вклучен краток панорамски разглед: Avenue des Champs-Élysées – Елисејските Полиња, Arc de Triomphe – Триумфалната капија, Place de la Concorde – плоштадот Конкорд и Les Invalides – Домот на инвалидите. Сместување во хотел Слободно време за вечера (факултативно). Ноќевање.

2 ден

Појадок. Организиран панорамски разглед на Париз со автобус. Се посетуваат:, Tour Eiffel – Ајфеловата кула, прошетка со брод по реката Сена, Jardin du Luxembourg – Луксембуршките градини и Quartier Latin – Латинскиот кварт. Musée du Louvre – музејот Лувр. Враќање во хотел. Слободно време за вечера (факултативно). Ноќевање во хотел.

3 ден

Појадок. Организирана целодневна посета на забавниот парк Дизниленд со автобус. Влезницата вклучува 2 паркови и е вклучена во цената на аранжманот. Враќање во хотел во дополнително договорено време. Ноќевање.

4 ден

Појадок. Панорамски разглед на Galeries Lafayette – познатата париска трговска галерија, Opéra Garnier – историската париска опера, Слободно време за шопинг. Поаѓање од Париз во 12 Полетување во 15:45ч од Париз, слетување во Скопје во 18:30 ч.( Ноември 14:55-17:40).

** За групата 06.12.2026 со 4 ноќевања слободно попладне или факултативна посета Версај. 5 ден - појадок, слободно претпладне трансфер до аеродром. Лет за Скопје 16:40 слетување 19:25

Вклучено

Авио билет на релација Скопје – Париз - Скопје со Wizzair
Аеродромски такси
Бесплатен рачен багаж 40x30x20 cm
3 ноќевања со појадок во хотел со 3* од ланецот на IBIS / 4 ноќевања за групата 06.12.2026
Организиран превоз со автобус од аеродром до хотел и обратно
Организиран панорамски разглед на градот со автобус
Еднодневна посета на 2 паркови во Дизниленд
Организација на патувањето и придружник од Агенцијата за целиот престој во Париз
Туристичка такса

Не е вклучено

Сѐ што не е наведено во програмата
Влезниците за во објектите и музеи
Препорачуваме 1€ на ден од возрасно лице како бакшиш за водичот

Факултативни Излети

Влезница за Лувр 38 € (само влезница), за деца до 10 години 18 €
Влезница за брод по Сена 18€, за деца до 10 години е 10 €
Патувањето до Версај чини 15 € ( за деца до 10 години 7 €)
Влезница за дворецот Версај и градините 35 € (за деца до 10 години 20 €)
** Резервација на факултативи при купување на аранжанот!

Напомена

Авиокомпанијата може да го промени времето на поаѓање и пристигнување.
Во програмата е направена проценка во однос на запирањето, но доколку има застои во сообраќајот или застои предизвикани од друга причина, сите запирања може да не се направат. Возачот на автобусот има законски ограничено работно време.
Оваа програма е економична. Хотелите не се во централно подрачје на градовите. Името на хотелот се дава 1-2 дена пред тргнување.
Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на програмата пред или за време на турата, без претходно известување до патниците, поради виша сила или други настанати околности

Информации за патување
Потребни документи за патување
Биометриски пасош валиден минимум 6 месеци од датумот на патување
Задолжително патничко осигурување од било која осигурителна компанија
Авио билети и ваучер во печатена форма
Задолжително онлајн чекирање на авионските карти за сите патници што патуваат со SunExpress. Инструкции тука
Останати информации за патување
Патниците треба да се на аеродром најмалку 2 часа пред полетување
Дозволен чекиран багаж: еден куфер до 20 кг по лице и рачен багаж до 7 кг по лице
За влез во Египет потребна е виза која се добива на аеродром во Хургада и чини $30 по лице
На излез од аеродром патниците ги пречекуваат претставници на Фибула и ги упатуваат на трансфер
Во автобус патниците добиваат брошура со датум и време за состанок со водичот, како и телефонски број за контакт
Информативниот состанок со водичот е задолжителен за сите, за информации за дестинацијата, факултативните излети, асистенција, и повратниот лет
Ваучерот од Фибула се приложува во хотел. Патниците треба да добијат исти тип на соба и услуга како што е наведено во ваучерот
Патниците добиваат детали за хотелскиот концепт при check-in. Хотелот може да менува содржини без претходна најава
Пријавување и влегување во собите: околу 14:00, одјавување: околу 12:00. Можно е рано пријавување или доцно одјавување со доплата
За проблеми со сместувањето или факултативи контактирајте го водичот
Хотелот може да престане со услуги по одјавување или да побара надомест
Информација за трансфер до аеродром достапна на рецепција или по порака последниот ден
Во случај на оштетен или изгубен багаж, треба да се земе записник од аеродром. Агенцијата не е одговорна за багаж
Секој багаж треба да биде означен со име и презиме
Општи услови за европски дестинации со WizzAir
Плаќањето е задолжително во денари (1€ = 62 ден)
За ова патување потребен е валиден биометриски пасош со важност 90 дена од денот на патувањето
Краен рок за откажување на аранжманот од страна на агенцијата: 7 дена пред патување
За резервација задолжителна уплата од 100%
Можност за откажување на аранжманот 15 дена однапред, со задржување на 50% пенали
Откажување помалку од 15 дена пред патување: 100% пенали
Промена на име на патникот може да се направи 7 дена пред патување со доплата од 140 €
Цените за влезници во објектите може да претрпат промена и не се загарантирани
Редоследот на разгледувања во програмата може да се промени поради временски услови, гужва во сообраќајот или договор со патниците
За овој аранжман важат општите услови на патување

 

 

КОНТАКТ

  • 11-ти Октомври бр. 13, 1400 Велес

ОТВОРЕТЕ ЈА НАШАТА
А ОДБЕРЕТЕ ЈА ВАШАТА СТРАНА ЗА ПАТУВАЊЕ !!!

Работно време

Лето 2026

Понеделник - петок 09.00-19.00 ч

Сабота 10.00-14.00

Top