fbpx

ПАРГА НОВО ЛЕТО 2024

Парга – бајковито летувалиште на копнениот дел на Јонскиот брег, сместено помеѓу Игуменица и Превеза, во областа Епир, блиску до устието на реката Ахерон. Единствена по многу нешта, со право го носи епитетот “Невестата од Епирот”. Благодарејќи на убавината, особеноста и архитектурата, прогласена е за најинтересна европска туристичка дестинација. Куќите во стариот дел на градот по правило можат да се бојадисуваат само црвено или жолто. Изградена е на падината во природен амфитеатрален изглед кој се спушта кон заливот со островчиња.

Венецијанската тврдина – изградена во XI век како би го заштитила градот од гусарите и Турците, од каде се протега импресивен поглед на град, море, како и на блиските острови – Крф, Паксос и Антипаксос.

Француска тврдина-дворец – доминира на највисоката точка на островот Богородица покрај Парга. Од тврдината се протега импресивен поглед на црквата Св. Спиридон од едната страна и Агиос Атанасиос од другата страна.

Али Пашина тврдина – се наоѓа помеѓу Антуса и Аја, 6 km од Парга. Изградена 1814 година во времето на Али-Паша, гувернерот на Јањина, за организација на напад на Парга, но битката никогаш не се случила, поради тоа што населението само се иселило на Крф. До трврдината може да се дојде со туристичко вовче. Од нејзините ѕидини се протега преубав поглед на Крф и Паксос.

Музејот на маслините – каде што може да се види целиот процес на производство на маслиново масло, сапуни и др. и каде што истите можат и да се купат.

Островчето Панаија, сместено во средишниот дел на заливот, на само 50тина метри од плажата Крионери, и до кое можете да допливате или да дојдете со педалина или чамец. Тука се и две цркви, Црква на Пресвета Богородица и Св. Никола.

Парга има неколку плажи:

Крионери е главна градска плажа. Песочна е и сместена под самото градско шеталиште.

Писо Крионери е мала плажа, заклонета со карпи и брдо и со камчиња.

Најпозната и најубава плажа е Валтос, до која може да се дојде пеш или со бротче. Долга 2 km, со тиркизно сина боја на водата, со фини бели камчиња, кои на некои места преминуваат во песок. На плажата скоро да нема место да спустите свој пешкир, така да е скоро задолжително изнајмување на лежалка и чадор.

Лихнос е песочно-камчеста плажа на 3 km оддалеченост од Парга. Може да се дојде и пеш по патеката низ маслиниците преку брдото.

Саракинико е можеби наубавата и најчистата плажа на 12 км оддалеченост од Парга и до нејзе може да се дојде или со автомобил или со бротче.

Она што секако препорачуваме да посетите се островите Паксос и Антипаксос, реката Ахерон, крстарење до Лефкада, Кефалонија и Итака од Нидри на Лефкада, острово Крф…

КОМПЛЕТНА ПОНУДА ВИДИ ТУКА

Прочитано 15862 пати

КОНТАКТ

  • 11-ти Октомври бр. 13, 1400 Велес

ОТВОРЕТЕ ЈА НАШАТА
А ОДБЕРЕТЕ ЈА ВАШАТА СТРАНА ЗА ПАТУВАЊЕ !!!

Работно време

Пролет 2024

Понеделник - петок 09.00 - 19.00

Сабота 09.00-14.45

Top