fbpx

R

ШПАНИЈА – АВИОН

(Директен лет од Скопје – 6 термини)

Пролетта е совршено време да ја доживеете магијата на Шпанија!
Ве водиме на незаборавно патување каде што урбаната енергија на Барселона се спојува со опуштената медитеранска атмосфера на Љорет де Мар. Прошетки покрај делата на Гауди, вкусна каталонска кујна, плажи со кристално чисто море и вечери исполнети со шпански ритам — сè на едно место. Дозволете си пролетен одмор полн со сонце, култура и уживање, и создадете спомени што ќе траат цела година.

Хотел и тип на соба Хотел и тип на соба
Термин Хотел Дон Хуан 4* – 1/2* соба
07.04 – 11.04 499€
14.04 – 18.04 499€
21.04 – 25.04 449€
28.04 – 02.05 499€
05.05 – 09.05 499€
12.05 – 16.05 499€

Линк до хотелот: Don Juan 4*

Факултативни излети:

Разгледување на Барселона – 65 евра – со застанувања или поминување покрај најважните знаменитости на градот: кулата Акбар, Корида, Саграда Фамилија, паркот Цитадела, плоштад Каталуња, Пасеж де Грација, Ла Педрера, Каса Батло, Ав.Дијагонал, плоштад Еспања, брдото Мон Жуик споменик на Колумбо, Ла Рамбла… Ден наменет за медитеранско уживање во градот…

Аквариум Барселона – 35 евра – Еден од најпопуларните аквариуми во светот со над 11.000 примероци од 450 различни растителни и животински морски видови, со неверојатен тунел од 80 метри под површината на морето и фасцинантен поглед на уникатните примероци на ајкули кои можете да ги пронајдете во оваа прекрасна зграда, како и познатата атракција со пингвини. Аквариумот годишно го посетуваат милиони туристи..

Коста Брава – Плажа Тоса де Мар + Бодега – 45 евра – Запознајте го „дивиот брег“ во неговата оригинална форма… Едно од релаксирачките патувања што ќе ве одведат во еден од најубавите градови на брегот – ТОСА ДЕ МАР, со мала средновековна тврдина и местото каде што повеќето од морските капетани кои го придружуваа Колумбо на неговото прво патување дојдоа од патување… Ден да уживате во преубавата плажа во Тоса де Мар која ќе ја сретнете на разгледниците кои го промовираат овој див брег на Шпанија.Потоа ќе ја посетиме традиционална винарија БОДЕГА каде што имате можност да вкусете ги најдобрите шпански вина бесплатно…

Фламенко шоу – 45 евра – Шпанска вечер со традиционален шпански танц Фламенко кој го изведуваат екипа на врвни танчери и танчерки. Одлична можност поблиску да се запознаете со традицијата и културата на Шпанија. Неограничена конзумација на традиционалната сангрија и можност за неколчучасовно уживање во вистинска шпанска вечер.

Барселона Готик и шопинг – 60 евра – Ден предвиден за уште една незаборавна посета на Барселона. Овој ден е предвиден за незаборавни моменти во познатиот готички кварт, еден од најстарите делови на градот.: плоштад Реиал, тесните камени улички кои говорат за средновековната архитектура и уметност и водат до импресивната Катедрала на Барселона Св. Еулалија….Неколкучасовно слободно време за вистинско уживање во градот на еден поинаков начин…(можност за шопинг, плажа Барселонета, храна, пијалоци итн)

Музејот на восочни фигури – 25 евра – се наоѓа во срцето на Барселона. Тој е посветен на уметноста и историјата на керамиката, обезбедувајќи им на посетителите фасцинантен увид во богатата керамичка традиција во регионот. Музејот се наоѓа во прекрасно реставрирана зграда на поранешна фабрика за керамика, што го додава неговиот шарм и автентичност Преку богатата колекција на експонати, музејот покажува различни стилови и естетика на керамичката уметност, како и нејзиното влијание врз шпанската и медитеранската. културата. Има и специјални изложби посветени на современи уметници и иновативни пристапи кон керамиката.

Програма

1 ДЕН - СКОПЈЕ - БАРСЕЛОНА
Состанок со групата на скопскиот меѓународен аеродром, два чаца пред летот. Пријавување на летот за Барселона со време на полетување во 18:00 часот. Слетување на аеродромот "Barcelona El Prat" во 20:50 часот по локално време. Организиран трансфер до Љорет де Мар, најпознатиот туристички центар на крајбрежјето на Коста Брава(65 км од Барселона). Следува сместување во хотел (4 полупансиони: појадок и вечера на база на “шведска маса“). Попладне предвидено за одмор и уживање. Ноќевање.
2 - 4 ДЕН - ЉОРЕТ ДЕ МАР
Вашиот престој во Шпанија може да биде незаборавен со посета на факултативните излети од нашата богата и ЕКСКЛУЗИВНА понуда: FLAMENCO LA SIESTA, BARCELONA PANORAMICA, COSTA BRAVA-SANGRIA WINE, SANDDANCE, NOU CAMP, AQUARIUM, PORT AVENTURA... и секако единствена можност за посета на најпознатиот клуб во регионот - DISCOTHEQUE TROPICS & МОBY ‘S.
5 ДЕН - ЉОРЕТ ДЕ МАР - БАРСЕЛОНА - СКОПЈЕ
Појадок. Одјавување од хотелот. Стварите ги оставаме на рецепција во делот за чување на багаж. Слободно време се до 14:30 часот, по што следува организиран трансфер од Љорет де Мар до аеродромот во Барселона. Пристигнување два часа порано на аеродромот и пријавување за летот Барселона - Скопје, со полетување во 21:35 часот. Пристигнување на Скопскиот аеродром во 00:20 часот по локално време.

Во цената е вклучено
Повратна авионска карта на релација Скопје-Барселона-Скопје со компанијата Wizz Air,
Аеродромски такси , димензии на рачен багаж (ранец) 40х30х20cm (вклучувајќи рачки и тркала),
Организиран трансфер на релација аеродром – хотел – аеродром
4 полупансиони (појадок и вечера на база “шведска маса”) во Љорет Де Мар во хотел Don Juan 4* (центар на град, базен...) во 1/2 соби
Комплетна организација со стручен водич на патувањето (на мин. 15 пријавени патници),
Резервација на место со минимална уплата од 15 000 денари по лице.

Во цената не е вклучено
Патничко здравствено осигурување – 500 денари
Туристичка такса во хотелот 15 евра по лице (вкупно за сите ноќевања),
Доплата за седиште во авион – 70 евра,
Доплата за куфер од 15кг. во авион – 90 евра (цени кои подлежат на промена),
Доплата за куфер од 20кг. во авион – 120 евра (цени кои подлежат на промена),
Факултативни екскурзии

Прочитано 1065 пати

КОНТАКТ

  • 11-ти Октомври бр. 13, 1400 Велес

ОТВОРЕТЕ ЈА НАШАТА
А ОДБЕРЕТЕ ЈА ВАШАТА СТРАНА ЗА ПАТУВАЊЕ !!!

Работно време

Лето 2025

Понеделник - петок 09.00 - 19.00

Сабота 10.00-14.45

Top