Венеција-Милано-Верона-Трст | ВЕЛИГДЕН
Италија – земја што инспирира. Земја на пица и паста, на мода и безвременска елеганција, на уметност што се чувствува на секој чекор. Совршен спој на традиција и модерно живеење, каде секој град раскажува своја приказна, а секоја улица зрачи со убавина. Дозволете си патување исполнето со стил, романтика и незаборавни моменти.
ПРОМО ЦЕНА 149 евра
+ ЗАДОЛЖИТЕЛНА УПЛАТА НА ПАКЕТ ФАКУЛТАТИВИ 85 евра
Редовна цена 189 евра
ПРОГРАМА НА ПАТУВАЊЕТО
Прв ден – 30.04.2026 (четврток) ПОАЃАЊЕ
Поаѓање од Велес во попладневните часови (околу 13ч). Поаѓање од Скопје, Куманово, Неготино, Кавадарци и Штип. Патуваме преку граничниот премин Табановце. Дневно и ноќно возење преку Србија, Хрватска и Словенија со попатни паузи.
Втор ден – 01.05.2026 (петок) ТРСТ - DESIGNER OUTLET
Пристигнување во Трст во утринските часови. Разглед на градот и слободно време за индивидуална прошетка. По разгледот се упатуваме кон еден од најголемите шопинг центри во Италија – Designer Outlet Noventa di Piave. Сместување во хотел. Ноќевање.
Трет ден – 02.05.2026 (сабота) ВЕРОНА - МИЛАНО
По појадокот се упатуваме кон Верона – градот на Ромео и Јулија. Разгледот започнува на плоштадот Бра (Арена), прошетка по улица Mazzini, плоштадот Ербе, плоштадот “Dei Signori” со статуата на Данте и куќата на Јулија. Потоа продолжуваме кон градот на модата – Милано. Разглед на градот со водич: тврдината Сфорцеско, плоштадот Piazza Duomo, Via Vittorio Emanuelle, галеријата Vittorio Emanuelle и Миланската опера (La Scala). Слободно време за шопинг. Во вечерните часови заминување кон Лидо во хотелот. Ноќевање.
Четврт ден – 03.05.2026 (недела) ВЕНЕЦИЈА
По појадокот, трансфер до пристаништето Пунта Сабиони. Превоз со брод до центарот на Венеција. Разглед на градот: плоштадот и црквата Св. Марко, Мостот на воздишките, Дуждевата палата, Мостот Риалто, Каналот Гранде… Слободно време за индивидуални прошетки. Во договорено време враќање со бродот до Пунта Сабиони. Поаѓање за Македонија.
Петти ден - 04.05.2026 (понеделник) ПРИСТИГНУВАЊЕ
Пристигнување во Скопје/Велес во попладневните часови (во зависност од гужвите на границите).
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:
• Сместување во хотел 3* во Лидо ди Јесоло или областа Венето на база две ноќевања со појадок.
• Автобуски превоз на наведените релации
• Разгледи според програмата
• Посета на Трст и Designer Outlet Noventa di Piave
• Лиценциран придружник
• Поаѓање од: Велес, Кавадарци, Неготино, Штип, Скопје, Куманово
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:
• Задолжителна доплата за туристичка такса за хотелот: 5 евра по лице (на лице место)
• Задолжителна такса за влез во Венеција: 5 евра (на лице место)
• Патничко осигурување за целиот престој
• Влезници за локалитети (музеи, верски објекти)
• Индивидуални трошоци
ФАКУЛТАТИВНИ ИЗЛЕТИ (ПО ЛИЦЕ):
• Разглед на Венеција со водич (брод): 35 евра
• Факултативна посета на Верона и Милано со водич: 55 евра
АКЦИСКИ ПАКЕТ: Сите излети во вредност од 90 евра може да се купат по цена од 85 евра при резервација (плаќање во автобус).
