07.09 -11.09.2026
ДЕН 1 – 07.09.2026 (ПОНЕДЕЛНИК) СКОПЈЕ – ПАЛЕРМО
Состанок на аеродромот во Скопје, два часа пред летот за добивање инструкции, check in и пасошки процедури. Полетување кон Палермо со компанијата WIZZ AIR (летот е планиран за во 20:05 часот) и пристигнување во шпанската престолнина согласно планираниот распоред во 22:00 часот. Организиран трансфер до хотел и сместување. Слободно време за одмор и релаксација. Ноќевање.
ДЕН 2 – 08.09.2026 (ВТОРНИК) – ПАЛЕРМО
Ден предвиден за вистинско уживање во големиот медитерански центар и градот под заштита на Унеско, Палермо. Факултативен разглед на градот. Започнуваме со посета на Политеама, продолжуваме со посета на најголемиот оперски театар во Италија - Масимо, неизбежен дел од разгледот е и Кватро Канти, плоштад кој е опкружен со четири идентични барокни фасади , секој агол ги претставува четирите годишни времиња, четирите Шпански кралеви на Сицилија четирите заштитнички на градот. Слободно време. Разгледот го продолжуваме со посета на најграндиозната фонтана во Палермо - Фонтана на срамот, потоа следи посета на Виа Виторио Емануеле, Нова порта, Норманска палата и катедралата. Слободно време за прошетки и индивидуално разгледување на градот. Враќање во хотел. Ноќевање.
ДЕН 3 – 09.09.2026 (СРЕДА) – ПАЛЕРМО - ТРАПАНИ И ЕРИЧЕ
Ден предвиден за факултативен излет до Трапани и Ериче. Трапани е живописно историско пристаниште во западна Сицилија, основано од древните Феникијци во 7 век п.н.е. Градот, кој е измиен од тиркизните води на Медитеранот, денес има околу 70 илјади жители и изобилува со бројни туристички атракции. Нашата обиколка на овој прекрасен град ја започнуваме од Пјаца Гарибалди. Овој херој на Италија, чиј грандиозен споменик се наоѓа на плоштадот, го започнал своето патување за обединување на оваа голема земја токму во Трапани. Потоа тука се ренесансните и барокните бисери на Трапани, почнувајќи од монументалната и богато украсена порта Порта Оскура со астрономскиот часовник Торе Оролоџио, преку главната улица Виа Виторио Емануеле каде што се наоѓаат језуитската црква и катедралата Сан Лоренцо, па сè до морскиот брег и познатиот стар плоштад каде што некогаш се наоѓал рибниот пазар Пјаца Меркато дел Песке. Слободно време и продолжување на екскурзијата до градот Ериче - бајковит град сместен на истоимениот рид, чиј највисок врв е над 750 метри надморска височина. Оттаму, се отвора фантастичен поглед на блискиот град Трапани, оддалечен околу 12 километри, на 'ртот Пунта дел Сарачено, како и на магичниот архипелаг островите Егади на запад. Градската тура ги вклучува сите негови знаменитости: средновековната порта Порта Трапани, катедралата Киеза Мадре со прекрасната кула Торе ди Ре Федерико изградена од кралот на Сицилија Фредерик II, долгата главна улица Виторио Емануеле со манастирот Сан Салваторе, Пјаца дела Лоџија со црквата Сан Доменико и конечно норманскиот замок од 12 век од каде што можете да уживате во незаборавен поглед на околината. Слободно време. Во вечерните часови се враќаме за хотел.
ДЕН 4 – 10.09.2026 (ЧЕТВРТОК) – ПАЛЕРМО - ЧЕФАЛУ
Факултативна посета на рибарското гратче Чефалу кое има богата историја, голема романтична катедрала запишана на листата на светско наследство на УНЕСКО, градскиот музеј, мали средновековни цркви. Денес ова е позната туристичка дестинација со бројни ресторани и барови. Со опуштена прошетка низ магичниот Чефалу, ќе го почувствувате вистинскиот дух на Сицилија. Слободно време за релаксација до враќањето во Палермо.
ДЕН 5 - 11.09.2026 (ПЕТОК) - ПАЛЕРМО - СКОПЈЕ
Следува напуштање на хотелот и слободно време за дополнително уживање во Палермо. Состанок на групата во хотелот во однапред договорено време (во попладневните часови) и заминувње кон аеродром со организиран трансфер. Лет кон Скопје во 21:10 часот. Пристигнувањето во Скопје е планирано во 22:50 часот. Крај на програмата.
– Разглед на Палермо со водич – 40 евра
– Трапани и ериче – 90 евра
– Чефалу – 80 евра
ЦЕНАТА ВКЛУЧУВА:
Повратна авионска карта на релација Скопје-Палермо-Скопје со компанијата Wizz Air,
Аеродромски такси , димензии на рачен багаж (ранец) 40х30х20cm (вклучувајќи рачки и тркала),
Организиран трансфер на релација аеродром – хотел – аеродром,
4 ноќевања во хотел Del Centro 3*** или сличен
Комплетна организација со стручен водич на патувањето (на мин. 15 пријавени патници),
ЦЕНАТА НЕ ВКЛУЧУВА:
Патничко здравствено осигурување –
Туристичка такса во хотелот 20 евра по лице (вкупно за сите ноќевања),
Доплата за седиште во авион – 70 евра,
Доплата за куфер од 15кг. во авион – 90 евра,
Доплата за куфер од 20кг. во авион – 120 евра,
Факултативни екскурзии
