fbpx

Маурициус - парче од рајот што ги фасцинира сите што ја допреле неговата магија. Самото име на островот го сугерира за тропскиот луксуз, спокојството и можноста за комплетен одмор. Маурициус ќе ве фасцинира, ќе се чувствувате како да сте еден од ретките избрани да го допрете ова неверојатно место, каде што секој посетител ужива лично внимание, каде што зад секоја насмевка се крие ветување за уникатен одмор.

Република Маурициус е островска држава во југозападниот Индиски Океан, на околу 900 километри источно од најголемиот африкански остров Мадагаскар. Освен островот Маурициус, како дел од територијата на Маурициус се и островите Св. Брендон, Родригез и Агалега. Островот е откриен во 1507 година од страна на португалски морепловци, кој никогаш пред тоа не бил населен со луѓе. Главниот град е Порт Луис, а официјален јазик е англискиот, кој исто така е основeн трговски јазик. Не помалку е распространет и францускиот јазик, којшто е основата за локалниот говорен креолски јазик. Месеците од мај до октомври се поладни, што е поизразено при ниската влажност отколку во намалување на температурите.
Маурициус ... таму каде што се мешаат минатото и сегашноста ... таму каде што се воодушевувачки природните глетки и архитектонски знаменитости ... таму, каде што плажите се бескрајни ... каде што тиркизната вода нежно ги мие белите песочни брегови...
Корисни информации:
• Најдобро време за посета на островот Маурициус е периодот меѓу месеците ноември - мај.
• Валута: локалната валута е рупија. 1 евро = 40,15 рупии; 1 американски долар = 35,88 рупии. Можете да разменувате во хотелите, банките и менувачниците. Банкоматите се широко распространети.
• Кредитни картички - речиси насекаде е можно да се плаќа со меѓународните дебитни и кредитни картички Visa или MasterCard.
• Патување - можете да изнајмите автомобил или да користите такси. Во туристичките зони е широко распространето возење на велосипед или мопед. Таксистите работат со однапред утврдени тарифи по километар, кои се гледаат на залепени на вратите на возачите. Бакшишот не е задолжителн, но препорачува.
• Електрична енергија - напонот е 230V. Можете да ги користите европските електрични приклучоци.
• Бакшиши - обично изнесуваат околу 10% од сметката во локалот.

 

Индивидуална програма со лет од Скопје

ТЕРМИНИ НА ПОАЃАЊЕ АПРИЛ 2024(8 дена / 7 ноќи)

Хотел Услуга Тип на соба Цена
02-09.04.2024 (7ноќи)
Le Palmiste Resort & Spa 3* Полупансион Цена по лице во двокреветна соба од 1.339 €
Casuarina Resort & Spa 3* Полупансион Цена по лице во двокреветна соба од 1.450 €
Pearle Beach Resort and Spa 4* Полупансион Цена по лице во двокреветна соба од 1.530 €

 

Напомени

Детали од лет
TK1006 01APR SKPIST 2020 2255 // TK 176 02APR ISTMRU 0150 1235
TK 177 09APR MRUIST 2005 0510+1 // TK1003 10APR ISTSKP 0725 0750

ЦЕНАТА ВКЛУЧУВА:

Авионска карта со TURKISH AIRLINES согласно политика на авио компанија, на економска класа со 30кг. чекиран и 4кг. рачен багаж)
Аеродромски такси
7 ноќевања во хотел по Ваш избор/ тип на соба основна стандардна двокреветна на база полупансион, согласно политика на хотел и протоколи
Оброци во хотелот и пакет по ваш избор
Трансфери: аеродром-хотел-аеродром во Маурициус


ЦЕНАТА НЕ ВКЛУЧУВА:

Дополнителни екскурзии / опционални НА БАРАЊЕ
Патничко, здравствено осигурување
Индивидуални и лични трошоци
Се што не е вклучено во ЦЕНАТА ВКЛУЧУВА
Цената е валидна до пополнување на места на дадена тарифа од авио компанија и промотивни цени на ограничен број соби во наведен хотел и истата е подложна на промени се до момент на резервација (пред резервација проверете ја цена).

Услови:

При резервација се плаќа депозит од 50%, а целосна уплата се прави 15 дена пред поаѓање.
Рок на потврда на понуда и резервација е 24 часа по уплата на аконтација
Туроператорот го задржува правото да го менува редоследот на реализација на програмата.
Задолжително патничко осигурување
Составен дел од оваа програма се Општите услови на патување на организаторот на патувањето.
Уплатата се врши исклучиво во денарска противвредност (1EUR = 62 mkd).

Прочитано 4446 пати

КОНТАКТ

  • 11-ти Октомври бр. 13, 1400 Велес

ОТВОРЕТЕ ЈА НАШАТА
А ОДБЕРЕТЕ ЈА ВАШАТА СТРАНА ЗА ПАТУВАЊЕ !!!

Работно време

Пролет 2024

Понеделник - петок 09.00 - 19.00

Сабота 09.00-14.45

Top