fbpx

Хотел ГОЛДЕН БИЧ е лоциран во центарот и на 20 метри од песочната плажата во Метаморфозис. Опколен е со боровата шума од едната, а море од другата страна со што е совршен склоп за релаксирање и одмор. Хотелот располага со 47 соби: 1/3 Приземје собите се наоѓаат на приземје и немаат поглед кон море (брачен + eдинечен кревет), 1/3 Стандард собите се наоѓаат на кат и имаат страничен или директен поглед кон море (брачен + единечен кревет), 1/4 Студио собите се наоѓаат на кат со
поглед на море или базен (брачен + 2 единечни кревети во иста соба) и 1/4 Апартман собите се со страничен или директен поглед кон море (брачен + 2 единечни кревети во различна соба). Секоја соба има балкон и е опремена со: фрижидер, клима уред (вклучен во цената), Wi-Fi, сат. ТВ и тоалет. Хотелот има главен ресторан, бар, базен со чадори и лежалки кои се бесплатни за користење од страна на гостите, детско катче и сопствена плажа со бар на плажа кој е со доплата. Хотелот е на услуга ПОЛУПАНСИОН !
 Појадок 08:00-10:00 ч. на база шведска масa

01.05.2024 - 06.05.2024 НОЌИ 1/2 Стандард
Цени по лице - ВВ
3 99
5 139

Цената е по лице за 3 или 5 ноќевања на база ноќевање со ПОЈАДОК.

Вклучено во цена:
- 3 или 5 ноќевања на база ноќевање со појадок
- Шопинг во Солун (по договор, само за оние што користат превоз)
- Традиционална вечера на Велика Сабота 04.05, после Воскресението во 00:30, (сезонска салата, Фета сирење, традиционална јагнешка чорба „Магерица“, црвени јајца.
- Велигденски ручек во Недела 05.05, на база „шведска маса“, сезонска салата, цацики, Фета сирење, јагнешко во фурна со компири, традиционален Велигденски ориз, десерт

Не е вклучено во цена:
- Првомајски ручек на плажа со суфлаки и пиво – 10 евра
- Крстарење околу Атос – 33 евра
- Туристичка такса - 3 евра по соба на ден
- Патничко осигурување – 200 денари

► Сместувањето е во двокреветни / трокреветни стандард соби;
► Има ограничен број на четворокреветни студија / апартамани;
► 2 деца од 2 до 11,99 години, бесплатно;
► Трет и/или четврт возрасен, плаќа 60% од цената;
► Организиран превоз само за програмата со 5 ноќи!
45 еур за возрасен, 35 еур за деца до 11,99 години

  • Локација:
Прочитано 295 пати

КОНТАКТ

  • 11-ти Октомври бр. 13, 1400 Велес

ОТВОРЕТЕ ЈА НАШАТА
А ОДБЕРЕТЕ ЈА ВАШАТА СТРАНА ЗА ПАТУВАЊЕ !!!

Работно време

Пролет 2024

Понеделник - петок 09.00 - 19.00

Сабота 09.00-14.45

Top