fbpx

На местото на некогашниот стар хотел Звезда, на централниот дел на шеталиштето и со површина од дури 11.445 м2, денес се наоѓа прекрасниот хотел Цептер, еден од најголемите и највпечатливите хотели во Врњачка Бања. Хотелот е уникатен спој на стара и нова градба.
Хотелот Цептер располага со 96 лукс соби, 18 делукс соби и 4 делукс апартмани. На своите гости им нуди најразлични капацитети: два ресторани (ресторан Zepter SmartLife и Crystal Hall), Zepresso Aperitif бар, Летна тераса со поглед на шеталиштето во рамките на ресторанот Zepter SmartLife, кардио-интерна медицина и стоматолошка ординација, Zepter Garden Block, отворен простор каде гостите можат да уживаат во разновиден асортиман на храна и пијалоци.
Од спортските објекти најатрактивен е затворениот базен (комплетно реновиран) со термоминерална вода. Гостите имаат на располагање џакузи и сопствена градина со аперитив бар, отворен во лето, како и сосема нова и модерна теретана и сауна.
Хотелот Цептер е познат по конгресните капацитети - Сала за конференции Цептер и Сала за состаноци Цептер, со капацитет до 1.400 седишта, со можност за работа во пленарна и во секции во дури пет помали сали.


 СПЕЦИЈАЛНА ПОНУДА ЗА ПРЕСТОЈ ОД 08-18 СЕПТЕМВРИ 

Цена по лице од ден ноќевање со појадок

32 eur - двокреветна класична соба
58 eur - еднокреветна класична соба

Цена по лице од ден полупансион

40 eur - двокреветна класична соба
56,5 eur - еднокреветна класична соб

Во цената е вклучено:
• Сместување на база ноќевање со појадок или ноќевање со полупансион (вечера)
• Бесплатно користење на SPA & Wellness центар: внатрешен базен со минерална вода, сауна, џакузи (3 часа на ден)
• Бесплатно користење на фитнес центар (теретана)
• Пријавување од 14 часот, одјавување до 11 часот
Во цената не е вклучено:
• Туристичка такса и осигурување во износ од 175 динари по лице/ноќевање
• Дополнителни трошоци
• Паркинг

Начин на плаќање
Задолжителна авансна уплата од 40% при резервација на аранжманот, а остатокот до 10 дена пред датумот на пристигнување
​Такса за престој и осигурување се дополнителен трошок во износ од 1,5 евра по лице/по ноќ
Во цената е вклучено:
- Сместување на база ноќевање со појадок
- Бесплатно користење на Спа центарот: затворен базен со минерална вода, џакузи, теретана, фитнес и сауна
- Интернет
Напомена:
- Цените се дадени по лице на ден
- Доплата за еднокреветна соба +40% на наведените цени
- Минимален престој од 2 ноќевања во текот на викендите
- Доплата од +20% за 1 ноќевање во текот на викендите

Услови (пенали) за отказ на резервација:
-10% од износот на аранжманот ако резервацијата се откаже од 45 до 35 дена пред терминот
-20% од износот на аранжманот ако резервацијата се откаже од 34 до 28 дена пред терминот
-40% од износот на аранжманот ако резервацијата се откаже од 27 до 20 дена пред терминот
-80% од износот на аранжманот ако резервацијата се откаже од 20 до 15 дена пред терминот
-90% од износот на аранжманот ако резервацијата се откаже од 15 до 10 дена пред терминот
-100% ако се откаже од 10 до 0 дена пред терминот или за време на престојот во хотелот

Прочитано 1672 пати

КОНТАКТ

  • 11-ти Октомври бр. 13, 1400 Велес

ОТВОРЕТЕ ЈА НАШАТА
А ОДБЕРЕТЕ ЈА ВАШАТА СТРАНА ЗА ПАТУВАЊЕ !!!

Работно време

Пролет 2024

Понеделник - петок 09.00 - 19.00

Сабота 09.00-14.45

Top